ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ 35 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ

    ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ 35 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИНајголемиот поединечен договор што е склучен без тендер е на „Електрани на Македонија“за ископ на јаглен за РЕК Битола, во вредност од 5,8 милиони евра со фирмата „Пелистер“ од Битола; - генералниот директор на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски (Фото: ЕЛЕМ

    Без да објави оглас „Електрани на Македонија“ во четири очи договорила ископ на јаглен за РЕК Битола, во вредност од 5,8 милиони евра со фирмата „Пелистер“ од Битола. Договорот бил склучен без тендер, зашто ЕЛЕМ се повикал на ставката со која се предвидуваат исклучоци, како што се итни и неодложни работи или пак не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка. Ова е најголемиот поединечен договор што е склучен без тендер, покажува мониторингот на Центарот за граѓански комуникации.

    Лани државните институции нетранспарентно потрошиле речиси 35 милиони евра од буџетот за јавни набавки. Склучени се 605 договори за јавна набавка без оглас, а вредноста на овие договори е за 20% повисока од 2015.

    Најчестото оправдување за користењето на оваа алатка е итната потреба од набавката или заштита на ексклузивни права.

    Во извештајот се укажува дека Законот за јавни набавки предвидува 10 основи за примена на постапката со преговарање без претходно објавување оглас, но институциите доминантно користат две причини и тоа кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права, патенти и слично, договорот може да го изврши само одреден економски оператор (45,3%), како и поради крајна итност, односно кога од одредени причини договорот за јавна набавка мора да се склучи брзо (44,8%)

    „Во листата на договори склучени преку оваа нетранспарентна постапка се наоѓаат и 19 договори на Министерството за образование и наука за откуп на учебници за основно и средно образование и дополнителен дидактички и работен материјал за адаптираните учебници од странство за учебната 2016/2017, во вкупна вредност од околу 10 милиони евра“, вели извештајот.

    Во извештајот се укажува дека Законот за јавни набавки предвидува 10 основи за примена на постапката со преговарање без претходно објавување оглас.

    „Но институциите доминантно користат две причини и тоа кога од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивните права, патенти и слично, договорот може да го изврши само одреден економски оператор (45,3%), како и поради крајна итност, односно

    кога од одредени причини договорот за јавна набавка мора да се склучи брзо (44,8%). Третиот позначаен основ за примена на оваа постапка биле анекс-договорите, на кои отпаѓа 5,1% од вкупната вредност на овие договори. Како што може да се види од графичкиот приказ, останатите основи за примена на постапката со преговарање без претходно објавување оглас вкупно имаат удел од 4,8% од вкупно потрошените пари преку оваа постапка“, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира