ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО УМРЕЛ ОД ВНАТРЕШНО КРВАРЕЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:48:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО УМРЕЛ ОД ВНАТРЕШНО КРВАРЕЊЕ

    Психички растроен маж го уби полицаецот во кумановската населба Средорек. Енвер Бајрамовски (33), кој боледувал од шизофренија и се лекувал во болницата во Бардовци, синоќа со еден убод од нож го усмрти полицаецот Горан Станишевски (33) од Куманово, додека се обидувал да го приведе.

    Крвата пресметка започнала околу 21.30 часот, кога Бајрамовски ги претепал неговата сестра и мајка. Тие биле примени во Кумановската болница, а случајот пријавен во полиција. Екипа на Брза помош во придружба на 4 полицајци заминала во Средорек да го згрижи агресивниот насилник. Кога стигнале пред куќата тој почнал да ги мава со стаклени предмети. Станишевски забележал дека насилникот има нож во рацете и побарал од колегите да се повлечат. На излегување од дворот почувствувал дека е повреден, бидејќи има крв на грбот и одеднаш паднал. Лекарите од Итна помош веднаш му пружиле прва помош и го однеле на хируршкото одделение во Кумановската болница, но тој им подлегнал на повредите.

    Полициските службеници по кратко време го совладале Бајрамовски и го привеле во СВР Куманово. Телото на починатиот полициски службеник е предадено за обдукција на Институтот за судска медицина.

    Таткото на Енвер, Муарем, вели дека син му имал здравствени проблеми од својата 12 година. Постојано бил на лекување во Бардовци, а пред три недели бел пуштен дома. Во меѓувреме здравствената состојба му се влошила и во петокот тој го одвел во болницата во Скопје.

    „И тој чувствуваше дека не е добар и ми рече да го водам на лекар. Но докторката таму го врати, ми вика здрав е, води го дома. Тој добиваше напади, викаше и не гледаше по кога мава. Ги претепа сестра му и мајка му. Полицијата не можеше ништо да направи и да го фати.Го најде малиот нож и го прободе“, раскажува и плаче Муарем, кој вели дека му е жал за изгубениот млад живот .

    Од Кумановската болница, денеска не сакаа да кажат со какви повреди се здобил Станишевски од убодот со нож, но лекари кои ги консултиравеме велат дека најверојатно се работи за повреда на некој од виталните внатрешни органи или артерија, поради што дошло од големо внатрешно крварење.

    За напаѓачот, надлежен јавен обвинител ќе предложи мерка притвор.

    Станишевски бил храбар човек и врвен професионалец посветен на работата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари