ПИНГВИНИ И СОРОСОИДИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:51:"Акосефати,ќефаќамеврски.

    1 Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пресече. Во паркот на плоштадот Таксим ќе се гради. И тоа што ќе се изгради ќе биде многу убаво. Нема да попушти пред барањата на демонстрантите, затоа што не може малцинството да доминира над мнозинството. Додека траат протестите, телевизиите пуштаат емисии за пингвини и за радијацијата на Марс. И, како и што се закани на почетокот од протестите, дека ако е за митинзи, на секои 100 илјади тој ќе собере милион луѓе од својата партија, вчераутро, на аеродромот “Ататурк” Ердоган спонтано го пречекаа неговите приврзаници и бараа да одат да ги згазат тие на Таксим.
    Добро е што кај нас не е така. Телевизиите не ги купиле емисиите за пингвини.
    2 Вчера имаше спонтани протести на група верници пред Општина Центар. Протестираа за градоначалникот Андреј Жерновски да не ја урне црквата во градба “Свети Константин и Елена”.
    Воопшто не ме чуди тоа што демонстранти излегоа да протестираат за да се заштити црква. Не ме чуди ни што МПЦ им даде благослов. Па демонстрантите секогаш излегуваат на улица кога Божјата волја го бара тоа од нив. Или барем партијата што е поблиску до Бога.
    Ама многу ме чуди како Господ не побара од нив да протестираат за школо или за градинка. Оти првата работа што ја направи Андреј Жерновски беше да даде изјава дека во Општината нема пари. И веднаш потоа го зголеми буџетот за привремени вработувања. За тоа најде пари, ама нема пари да се гради ветеното училиште.
    За што се малтретираа граѓаните на Општината, па пет пати, дури и при расипани лифтови, излегуваа на гласање за Жерновски да стане градоначалник? За да добијат нови привремени вработувања.
    А кој, пак, рекол дека новиот градоначалник треба да биде подобар од стариот?
    3 Имаше протести и против новиот закон за абортус, кој министерот за здравство Никола Тодоров го предложи по скратена постапка да се донесе во Собранието. Неколку дена имаше и расправа во Комисијата за здравство. Главниот аргумент на тие што го оспоруваат новиот закон е дека со него се ограничува правото на абортус. А главниот аргумент на министерот Тодоров беше дека тие што се против законот се педери, лезбејки и соросоиди.
    Кој знае каков ќе биде конечниот текст што ќе се изгласа во Собранието. Дали и покрај попуштањето на министерот Тодоров, Влатко Ѓорчев и Илија Димовски нема пак со амандмани да ги вратат оспорените членови. Но, она што најмногу ми остави впечаток е што министерот Тодоров не само што ги омаловажи невладините организации и другите противници на законот, туку самоуверено рече: “Подготвен сум да се справам и со нив”.
    Комшија да ти каже ваква реченица, па ќе се замислиш. А не пак министер. И тоа во Собрание.
    Конечно, целата бука околу овој закон кажува многу повеќе не само за демократскиот капацитет на оваа влада и на сите пратеници во Собранието туку и за демократскиот капацитет на нас како граѓани и гласачи. Ако само 200300 луѓе излегоа да протестираат за ваков обид на насилно ограничување на една цивилизациска придобивка за која пред шеесет години се избориле нашите баби и дедовци, тогаш значи дека си ги заслужуваме и законот и министерот што се справува со противниците.
    4 Впрочем, зошто мажите, а особено жените би се грижеле за некаква демократија и право на избор кога имаш многу поконкретни работи за грижа. Убаво им е. Плата во државна администрација. Излези спонтано на по некој протест да ти пишат рецка за да не ја изгубиш работата. Редовни примања какви се, такви се, фала и` на партијата. Две дечиња, за трето ќе пазиме. Само да стасам навреме дома за салата да направам. Оти мажот ќе се налути, мајка му така го научила. До Грција на одмор, блиску е, евтинко е, сами ќе си готвиме, децата да се пробањаат. Малку салата, ракиичка, па и гиро ќе се почестиме… На враќање може и до “Космос” ќе си купиме нешто. Во недела до “Сити мол”, “Рамстор” или “Веро” … А секој ден на Фејсбук со поговорки и изреки за смислата на животот и љубовта. И стискај лајк за активизам. Па и ако шарнеш настрана, белки нема да се фати. Е сега, ако се фати… Ќе фаќаме некоја врска. Тогаш ќе му ја мислиме.
    Министерот Тодоров, можеби, не е единствениот министер во владата на Груевски што го сфатил овој демократски капацитет на просечниот македонски гласач. Ама е единствениот кој не се срами и да го покаже тоа. Го слуша гласот на народот. На мнозинството кое не смее да биде малтретирано од малцинството.
    5 За Зоран Заев и Никола Груевски, кои покажаа политичка волја и демократска зрелост, ќе пишувам во некоја наредна добра прилика. На пример, кога ќе испијат кафе. Оти сега само вода пиеле.
    6 Еволуција на македонски начин. Во 1014 го имавме Самоил и 14.000 слепци. Во 2014 година го имаме Самоил на Плоштад и околу него 2014 споменици.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира