ШВАЈЦАРИЈА НЕ Ѝ ДАВА ДРЖАВЈАНСТВО ОТИ СЕ БУНИ ПРОТИВ КЛОПОТАРЦИТЕ НА КРАВИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Цирих,(Индипендент)

    ШВАЈЦАРИЈА НЕ Ѝ ДАВА ДРЖАВЈАНСТВО ОТИ СЕ БУНИ ПРОТИВ КЛОПОТАРЦИТЕ НА КРАВИТЕ

    Швајцарија одби да ѝ даде пасош на веганка и активистка против клопотарци за кравите затоа што „им се качила на глава“ на сограѓаните. Ненси Холтен јавно водела кампања против употребата на клопотарци и други швајцарски традиции, пред да биде по втор пат одбиена нејзината апликација за швајацарски пасош. Локалните жители биле навредени од нејзините напади на нивните традиции и нејзината „здодевна“ кампања.

    Холтен (42), која е родена во Холандија, се преселила во Швајцарија кога имала 8 години. Таа зборува течно швајцарски германски и нејзините деца имаат швајцарско државјанство.

    Во нејзиното село во кантонот Аргау, Холтен, која е веган, ги иритирала локалните жители, давајќи интервјуа за медиумите во кои ги промовиралла нејзините гледишта за правата на животните.

    „Звукот што го прават клопотарците на кравите оди до 100 децибели. Тоа е како звукот што го предизвикува пневматска дупчалка. Не би сакале такво нешто до нашите уши. Животните носат околу пет килограми околу вратот. Тоа предизвикува фрикција и изгореници на кожата“, изјави таа за медиумите.

    Во Швајцарија, локалните жители се прашуваат при апликацијата за пасош на нивни сограѓанин. За првата апликација на Холтен во 2015 година, нејзиното барање било одобрено од властите, но 144 од вкупно 206 жители биле против

    Тања Сутер, претседателот на локалниот огранок на Народната партија, тврди дека Холтен има „голема уста“ и жителите не сакаат таа добие швајцарско државјаноство „ако продолжи да им додева и не ги почитува нивните традиции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира