НЕ ГО НАВРЕДУВАЈТЕ ТИМОНИЕ, ФРАНЦИЈА НИ Е ПРИЈАТЕЛ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    НЕ ГО НАВРЕДУВАЈТЕ ТИМОНИЕ, ФРАНЦИЈА НИ Е ПРИЈАТЕЛ, РЕЧЕ ЗАЕВ@Ние треба да работиме преку укажување на Франција да ја провери својата одлука, оти јасно ни кажа дека сега не е до нас, туку дека е до нив#, - Зоран Заев - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев повика да запрат критиките и навредите кон амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, и рече дека сега треба да се работи на тоа да ѝ се укаже на Франција да си ја провери својата одлука.

    „Вакви критики и настапи се непотребни. Испраќам порака на укажување за сите кои имаат критички и навредлив настап кон претставникот на Република Франција во Северна Македонија, а тоа е амбасадорот Тимоние. Тој работи како пријател на нашта земја да ги укаже сите свои детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите да ги доловат правците од министерството за надворешни работи каде се вработени, и од претседателот на државата, од премиерот, министрите и слично. Ние треба да работиме преку укажување на Франција да ја провери својата одлука, оти јасно ни кажа дека сега не е до нас, туку дека е до нив“, рече Заев во одговор на новинарско прашање при промоција на проект во ГУЦ „Здравко Цветковски“ во Скопје.

    Тој се огради од пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири, кој во ТВ емисија рече дека францускиот амбасадор се советува со Синиша Алексовски, поранешен советник на претседателот Ѓорге Иванов.

    „Може некогаш да не повредуваат некои ставови на некои луѓе на некои поединци, како и овој пат, но имаме обврска да јакне нашето пријателство со нашите стратешки партнери, а тоа е Република Франција“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира