Една кумановска го загубила животот во синоќешното невреме што го зафати скопскиот регион.
Според неофицијални информации, семејството од Куманово се враќало од одмор од Охрид. Невремето ги фатило на обиколницата во близина на Смилковското езеро. Од големата вода бил зафатен и нивниот автомобил. Во обид да го спаси децата кои биле во колата жената се удавила.
Според последните информации од Управувачкиот комитет за справување со кризи 20 луѓе загинаа во синоќешното невреме во скопскиот регион, а 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата.