Германските власти соопштија дека утрово е извршен грабеж во Зелен трезор во Дрезден, еден од најстарите музеи на светот, во кој се чуваат непроценливи блага и накит. Се проценува дека украдениот плен има вредност од милијарда евра.
Грабежот се случил во раните утрински часови, откако крадците прво ја исклучиле струјата. Тие преку прозорец влегле во музејот и потоа избегале со автомобил.
Весникот „Билд“ објави дека се украдени дијаманти и накит во вредност од една милијарда евра, но полицијата кажа дека ова допрва ќе се утврдува.