„Поради хаварија на склопка во 6 kV постројка, термоелектраната Битола 2 попладнево е исклучена од електроенергетскиот систем на Република Македонија. Се очекува TE Битола 3 да биде приклучена на електроенергетскиот систем најдоцна до крајот на денешниот ден, додека соодветно на однапред утврден гантограм на активности Битола 1 ќе биде вклучена во текот на утрешниот ден“, пишува во соопштението испратено од РЕК до меиумите.
Од комбинатот посочуваат дека сите неопходни количини од електрична енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ЕЛЕМ ги испорачува од сопствените производни капацитети.
Ова е втор пат летово во еден ист ден да не работат трите блока на РЕК. На десети јуни истовремено не работеа трите блока. Тогаш од комбинатот соопштија дека едниот блок бил исклучен заради поправка, другиот во ремонт, а третиот плански исклучен заради поволната хидролошка состојба.