СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ СТАВЕНИ СРЕД ТРОТОАР ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОТСТРАНУВААТ

    СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ СТАВЕНИ СРЕД ТРОТОАР ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОТСТРАНУВААТЗнаците се поставени на средина од тротоарот и го попречуваат движењето на пешаците. (Фото: СДК.МК)

    На тротоарот кај новоформираниот кружен тек во Велес, близу мостот Гемиџии, се поставија нови сообраќајни знаци. Но, истите предизвикаа реакции кај велешани оти се на средина од просторот и го попречуваат движењето на пешаците. Иако се поставени согласно сообраќајните прописи, колку да бидат далеку од рабникот на тротоарот, тие на малиот просторот од тротоарот се на средина. Пешаците за да минат мора да се симнат на коловозот.

    Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски вели тоа е пропуст на изведувачот.

    „Ќе ги коригираме овие грешки, ќе дадам налог да се отстранат. Не се само тие. Сообраќајниот знак поставен кај Царинскиот терминал е исто така на сред тротоар и пешаците мора да се симнат на коловозот, што ја загрозува нивната безбедност“, изјави градоначалникот Аце Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира