Општината Штип и Програмата за регионални форуми во заедницата преку Центарот за Источен Плански Регион (ИПР) соопштија дека за оваа година имаат на располагање речиси 128.000 швајцарски франци за развој на регионот издвоени од Швајцарската агенција за развој и соработка во Македонија.
Предлог-проектите од општините треба да овозможат услови за социјална инклузија на лицата од ранливите категории и маргинализирани групи ннаселение кои подлежат на социјален ризик.
„Општината заедно со соодветните министерства и дружението Порака веќе приспособија во Штип објект за поддршка на лицата со интелектуална попреченост. Новите проекти само ќе бидат во функција на подобрување на условите за образование, престој и живот на овие лица“, велат градоначалникот на Штип Благој Бочварски и преставниците на ИПР со седиште во Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ