РУСКОВСКА НА СУД ЗА „РЕКЕТ“ ПОКАЖА КАКО КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА СЛЕДЕЛЕ НА СРЕДУВАЊЕ НОКТИ

    РУСКОВСКА НА СУД ЗА „РЕКЕТ“ ПОКАЖА КАКО КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА СЛЕДЕЛЕ НА СРЕДУВАЊЕ НОКТИЈанева била под посебни истражни мерки од од 12 август до нејзиното притворање на 21 август, откако се врати од одмор во Грција -Катица Јанева и Вилма Русковска на рочиштето за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Посебните истражни мерки за шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство Катица Јанева почнале на 12 август 2019 година, кога Бојан Јовановски и Зоран Милевски веќе биле скоро месец дена во притвор, а таа во јавноста изјавуваше дека  нема ништо со истрагата за „Рекет“ и оти во обвинителството е само сведок и траеле до нејзиното апсење на 21 август. Пред да биде следена таа беше на одмор во Грција.

    На продолжение на судското рочиште против поранешната шефица на СЈО, Боки 13 и Зоран Кичевскиот, се откри дека извештаите од пи-мерките за Јанева почнуваат со посета на салон за убавина и за правење нокти во Капиштец, па продолжуваат како оди на работа во СЈО и посетува позната адвокатска куќа.

    Следена е како отвора, затвора врата, внесува гостинка. Се гледа како збори со син ѝ, пешачи со сестра ѝ. Во деновите пред нејзиното апсење таа си оди  на фризер, МВР е зад неа, таа ништо не забележува.

    Потоа се гледа како оди пак во адвокатската куќа, која патем не ја брани сега кога е обвинета во „Рекет“, а од таму, оди во канцеларијата во СЈО.

    МВР, по наредба на обвинителката Вилма Русковска, ја следи дури и дента кога таа влегува за првпат на распит кај неа во зградата на Апелациониот суд Скопје, кај што е сместено Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Потоа таа, сестра ѝ и зет ѝ вечераат во ресторан, а од соседната маса тајно ги снимаат. Утредента пак таа и сестра и одат кај болната мајка во Геријатрија.

    Дента која Катица Jанева беше прiтворена, почина мајка ѝ.

    На Јанева со судска наредба и биле прислушувани и телефоните. Сите наредби биле стопирани по апсењето на поранешната специјалната обвинителка на  21 август 2019 година.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира