БИТОЛА СО НАЈГОЛЕМ НЕГАТИВЕН ПРИРАСТ ВО ЗЕМЈАВА, БРОЈОТ НА РОДЕНИ БЕБИЊА ПОМАЛ ОТКОЛКУ ВО НЕКОИ СКОПСКИ ОПШТИНИ

    БИТОЛА СО НАЈГОЛЕМ НЕГАТИВЕН ПРИРАСТ ВО ЗЕМЈАВА, БРОЈОТ НА РОДЕНИ БЕБИЊА ПОМАЛ ОТКОЛКУ ВО НЕКОИ СКОПСКИ ОПШТИНИОд сите општини во земјава, Битола има највисока стапка на морбилитет (Фото: СДК.МК)

    Поразителни се бројките за природниот прираст во Битола за четвртото тримесечје од 2019 година. Според Државниот завод за статистика, во последните три месеци од 2019 нема општина со поголем негативен прираст од Битола. Тој изнесува -127, а после неа се Прилеп со -81, Гази Баба со -60 и Охрид со -51. Во овој период во Битола се родиле 172 бебиња, а умреле 299 луѓе.

    Негативниот прираст расте во однос на претходните години. Во последните три месеци од 2017 година изнесувал -81, а во 2016 -73.

    Според оваа статистика, од сите општини во земјава, Битола имала највисока стапка на морбилитет. По неа следуваат Куманово со 265 умрени во четвртото тримесечје од 2019, Прилеп со 237 и Гази Баба со 232.

    Во Битола во истиот период се родиле 172 бебиња, што е на ниво на некои скопски општини: и во Гази Баба имало 172 новороденчиња, Кисела Вода 167, а во Сарај и Чаир дури и повеќе – 175, односно 225. Гостивар, кој е помал град од Битола, имаше приближно ист број бебиња – 162.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира