АВЕ ШАКИРИУС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:109:"МухамедХалили-кандидатзадиректорнаМакедонскоторадио

    1. Адам и Ева, дефинитивно, не биле од Куманово. Има шанси да биле од Тетово, зашто таму има јаболка. А тоа што пратеничката Ѓулистана Марковска прашува – дали тие биле Албанци – сé уште не е испитано. И да биле, досега претрпеле големи трансформации. Во начинот на облекувањето.
    Затоа пак семејството на Хисни Шаќири, пратеник на ПДП од Куманово, кој тврди дека само неговата лоза сочинува 3 од сто од кумановското население, сигурно води директно потекло од времето на Римската империја. Денешниот Хисни Шаќири е наследник на некој угледен претставник на народот во тогашниот римски сенат. Кога учествувал во расправите на законодавното тело на моќната Римска империја, сенаторот од Куманово го поздравувале со “Аве Шаќириус”! Подоцна и сенаторите од албанска националност доживеале трансформација. Мажите носеле тоги. А сега слично на нив се облекуваат жените. И настапите во Собранието не се толку сурови, како борбите на гладијаторите. Па, сепак, одвреме-навреме, некој пратеник ќе побара пауза, односно прекин на борбите. Има голема разлика меѓу тогашните гладијаторски борби во арените и сегашните расправи во македонското собрание. Тогаш гледачите уживале. А денес гледачите се најголеми жртви.
    Она што прво ми падна на памет замислувајќи си го сенаторот Шаќириус, во тога, како бара реплика, е фактот дека и покрај силата Римската империја пропаднала. А Албанците останале. Тоа малку ме плаши.

    2. За да останат пишувани документи и од ова раздобје на долгата историја на Албанците, пратениците на ПДП бараат по еден примерок од обрасците за пописот да остане во семејствата. Не му веруваат на државниот Завод за статисти­ка. Па сакаат и тие да направат проверка на обрасците и да ги споредат со резулта­тите од пописот.
    Значи, Албанците во Македонија нека се подготват за уште еден попис. Овој пат во организација на ПДП.Само едно не ми е јасно. Дали тие мислат да формираат и сопствен завод за статистика.

    3. Сé ми се чини дека за директор на паралелниот завод ќе биде избран Мухамед Халилиус. По клуч – како партиски кандидат. Лично тој ќе оди по римски­те села и ќе проверува во име на партијата кој како се изјаснил.
    Нека ми прости што му се мешам во кариерата, ама најдобронамерно сметам дека таму не му е местото. Еве, почнаа да се матат работите околу изборот на ди­­­рек­­тор на Македонската радио-телевизија, па, можеби, господинот Халили ќе пронајде соодветно место таму. Не мора баш да биде генерален директор. Ама, за директор на Радиото има одлични квалификации. Знае да ракува со микрофони.

    4. А ние, сите колективно не знаеме да ракуваме со пари. До таков заклучок дошле експертите од Агенцијата за меѓународен развој во САД. Имено, на предлогот на господинот Сорос да се формира фонд за помагање на претпријати­јата во Македонија, експертите одговориле дека поради последиците од ембаргото на Грција сите инвестиции би биле неисплатливи.
    Досега цело време слушавме дека САД го осудуваат ембаргото на нашиот јужен сосед. Ама, кога треба и конкретно да помогнат, ако ништо друго, барем да се намалат штетите од него, ете доаѓаат вести дека САД ѝ се приспособуваат на ситуацијата. Значи, го почитуваат ембаргото.
    Зборуваат дека се заинтересирани за стабилноста на Македонија. Затоа донесоа војска. Одолжуваат со воспоставување дипломатски односи. Ембаргото го прифатија како свршена работа. Пари не даваат. Па како мислат да ја зачуваат стабилноста? Само со оружје!? Така и успеваат да го одржуваат мирот во многу региони во светот. Ама, ние за нив обично велиме дека тоа се банана држави. А во Македонија не растат банани.

    5. Ова сепак е една сериозна држава, и како и секоја сериозна држава од Запад, што не му дава виза на рускиот ултранационалист Жириновски, и нашите власти, навистина неофицијално, соопштија дека тој не е пожелен во Македонија.
    Лидерот на Демократскиот сојуз на Србите во Македонија, д-р Бора Ристиќ, го покани Жириновски во Македонија, да ја чуеме неговата интересна филозофија за православието. Ова е слободна земја, па кој сака да ги слуша филозофските размислувања на Жириновски можеше комотно да отпатува за Белград и да му се одушевува.
    Арно ама и Демохристијанската партија на Васил Ристески од Охрид се побуни против одлуката на македонските власти и на македонските авиокомпании кои не сакаат да го видат Жириновски во своите авиони и рече дека “таа не кореспонди­ра со желбите на македонскиот народ”.
    Ете ти сега друга беља. Ај некако, овие приврзаниците на Ристиќ ќе се собе­реа во неколку автобуси да отпатуваат за Белград. Ама што правиме со маке­донскиот народ на Васил Ристески. Жириновски не може да дојде тука. Едностав­но, нема толкав плоштад на кој ќе можат да се соберат сите симпатизери на Демохристи­јанската партија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира