И ОПЕРСКАТА ЅВЕЗДА ПЛАСИДО ДОМИНГО ИМА КОРОНАВИРУС

    И ОПЕРСКАТА ЅВЕЗДА ПЛАСИДО ДОМИНГО ИМА КОРОНАВИРУСВо моментов, сите сме со добро здравје, но имав симптоми на кашлица и треска, па решив да го се тестирам и резултатот беше позитивен, објави на својата фејсбук страница шпанскиот тенор Пласидо Доминго. (Фото: АП)

    Пласидо Доминго, еден од најголемите оперси пејачи во светот, објави дека има коронавирус и дека е во изолација.

    „Чувствувам дека е моја морална обврска да објавам оти сум позитивен на КОВИД-19, познат и како коронавирус. Јас и моето семејство сме и ќе останеме индивидуално изолирани онолку долго колку што се смета за медицински неопходно. Во моментов, сите сме со добро здравје, но имав симптоми на кашлица и треска, па решив да го се тестирам и резултатот беше позитивен. Ве молам, сите да бидете исклучително внимателни, следете ги основните правила како често миење раце, да останете барем два метра оддалечени од другите, да направите сè што е можно за да го запрете ширењето на вирусот и пред сè, да останете дома ако е можно. Заедно можеме да се бориме против овој вирус и да ја запреме сегашната глобална криза, за да можеме да се вратиме во нашите нормални секојдневни животи што е можно поскоро. Следете ги упатствата и прописите на вашата локална власт за да бидете безбедни и да се заштитите не само себеси, туку целата наша заедница“, објави шпанскиот тенор на својата фејсбук страница.

    На 79 години тој сѐ уште активен на светските сцени, а во кариерата му се забележани над 150 улоги во 4.000 изведби, што е повеќе од кој било оперски пејач во историјата.

    Доминго минатиот месец се извини затоа „што им нанел болка“ на жените кои го обвинија за сексуално вознемирување. Шпанскиот тенор лани во август се повлече од функцијата генерален директор на Операта во Лос Анџелес, по обвинувањата на 20 жени за сексуално вознемирување и недолично однесување. Тој ги негира сите обвинувања.Обвинувањата се однесуваат за период од 1980-те, а првично беа обајвени во август од АП. Оперските пејачки и една балерина го обвинија дека ги присилувал на сексуални односи, и дека понекогаш професионално ги казнувал ако го одбиеле. По објавувањето на приказните на жените, сите оперски куќи во САД ги откажаа неговите настапи, но европските не. Кралската опера во Лондон најави дека Доминго летово ќе пее во операта „Дон Карло“ од 29 јуни до 19 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира