ПОЛНОЌНА СЕАНСА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:35:"Времеезастриптиз

    1. Пред извесно време во Скопје проработи клуб со машки стриптиз, ама потоа брзо се затвори. Веројатно за да ја пополни празнината во културно-забавниот живот на главниот град на државата, легендарниот пратеник Митко Анастасовски се закани дека ќе се соблече на говорницата. Само, не ми беше јасно што ќе му беше предупредувањето: “Ако сакате да видите како изгледам, женските да излезат надвор од салата!” Што чудо ќе беше тоа!? Зарем собра­ниските дами немаат видено такво нешто, па ќе испопаѓаат во несвест кога ќе го здогледаат аполонското тело на Анастасовски? И зошто во салата да останат само машки, за да гледаат – маж?
    Митко го утна времето за соблекување. Ручек време, горештина, кој ќе се поти без потреба… Најдобро време за соблекување беше околу полноќ. Тогаш кога се појави премиерот Бранко Црвенковски.
    Требаше и Бранко да најави соблекување. Можеби некој од опозицијата ќе останеше во салата да го види најмладиот премиер во Европа. А тој, пак, облекува темни костуми. Стојан Андов, како задолжен за создавање атмосфера во салата, можеше малку да се потруди и да го подготви теренот за полноќна сеанса, а не туку-така да ги пушти опозиционерите, што мажи, што жени, да си одат, а да не го видат Бранко Црвенковски. Во паузата требаше да им пушти музика. На пример, една популарна песна, увезена од Хрватска, што нон-стоп се врти по скопските кафулиња и што оди вака: “Тек је дванајст сати, заведи ме да не буде досадно”.

    2. Само Петар Гошев не паѓа на заводливоста на Бранко Црвенковски. Него го заведе Љупчо Георгиевски. КОНЕЧНО. Каде Љупчо, таму и Перо! Уште и му дозволи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да зборува во името на неговата Демо­кратска партија. Го промовира во раководител на здружената опозиција. Наспро­ти фалбите, Гошев со овој потег призна дека ВМРО-ДПМНЕ е посилна опози­циона партија од неговата.
    Пак Андов нешто сматил. Тој е виновен што на полноќ Перо се најде во прегратките на Љупчо. Создал таква атмосфера.
    Сиромашките Михаил Пановски и Ристо Јованов. Гошев им направи крукче. Ги врати повторно таму од каде што тргнаа. Во ВМРО-ДПМНЕ.

    3. Премиерот Бранко Црвенковски ги испокара пратениците. И тие што го слушаа и тие што излегоа. Ги обвини дека не си ја вршат работата, наспроти Владата што им подготвила еден куп закони што треба да ги донесат.
    Па, нели владата на Црвенковски е политичка влада? И нели секоја политичка влада владее со мнозинството што го има во Парламентот? Тогаш, што чека и што не си ги донесе законите за кои има согласност во Владата. Не очекува, бел­ким, опозицијата да гласа за нивните закони, додека пратениците од коалиција­та шетаат низ скопските пазари и се убедуваат со ПДП пратениците кога ќе се сми­лува­ат да дојдат во салата за да им направат кворум.
    Но и покрај лошиот парламент, Владата успешно владее. Ете, на пример, немав поим дека ситуацијата ни е приближно како во времето на Анте Марковиќ, како што ни кажа премиерот на полноќ.
    Не дај боже! И Анте Марковиќ не можеше да го собере парламентот. Башка што му се распадна државата.

    4. Оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за доверба на Владата ми изгледаше како кога гледам фудбалски натпревар на телевизија, што се одиграл вчера. Однапред го знаеш резултатот. А се палиш на снимка.
    Да ги немаше, ќе требаше да ги измислат. Ваква опозиција може само да се посакува. Успеаја да ѝ дадат стабилност на Владата наредните три месеци. Таман да може без потреси да си се подготвува за избори. Освен тоа, ги вратија Албанците во пратеничките клупи. Повторно ја зајакнаа коалицијата. А тие дадоа беса дека не се враќаат додека повторно не се расправа за казните на осудените во аферата “паравојска”. Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ излезе посилна од бесата.

    5. Пред некој ден приватната ТВ станица “А1” ни овозможи преку видео­снимка да се запознаеме како се врши инспекција на зградата за македонска амбасада во Токио. Потоа видовме како по напорната инспекција помошникот- министер за односи со странство Јордан Веселинов се релаксира во некои токиски ноќни клубо­ви. Во кадарот се појавија и некои девојки за кои рекоа дека се гејши, ама според нивниот изглед и однесувањето употребата на терминот “гејша” е навреда за јапонскиот култ и традиција. Мислевме дека гејшите се високообразо­вани девојки кои уште од детството се подготвуваат да го забавуваат царот. А тие спаднале на еден помошник-министер од некојаси далечна Македонија.
    Прикажувањето на снимката имаше благородна цел. Да види скопската публика како се трошат парите од службените дневници. А дневниците на држав­ни­те претставници се на товар на буџетот. Буџетот се полни со даноци. Ама се по­­ја­вил дефицит. Па Владата ги зголеми царините да ја пополни дупката.
    Сега секој даночен обврзник може мирно да спие. Знае дека и тој помогнал при инспекцијата за отворање на некоја амбасада.

    6. Премиерот самоуверено порача: “Народот знае за кого да гласа!” Значи, предизборната трка е отворена. Допрва ќе се изнагледаме снимки и фотографии. Ќе има соголувања колку сакаш. Време е за стриптиз.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира