ЏЕВДЕТ БОРДЕРО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:77:"ДушијаСрбијазадајазадавишМакедонија

    1. Цариниците на скопскиот аеродром во првата наредна прилика кога ќе го видат министерот за финансии Џевдет Хајредини како заминува на некои важни средби во Вашингтон или Лондон, ќе му побараат потврда од банка за девизите што ги изнесува од земјата. Ако нема, ќе го претресат, како што ги тресат шверце­ри­те на летовите за Истанбул. Бидејќи е министер, ќе му попуштат, па ќе му оста­ват илјада марки да му се најдат за трошок во белиот свет. Остатокок ќе му го одземат, а бидејќи сме правна држава, против Хајредини, како сторител, ќе се по­кре­не постапка за девизен прекршок.
    Така стои во соопштението на Министерството за финансии. Што значи, и министерот како “домашно физичко лице може да изнесе во странство девизи во ефектива во износ од 1000 ДЕМ”, и тоа врз основа на потврда на купени девизи или, гледај го ова чудо, “потврда од банка за подигнати девизи од девизна сметка или девизна штедна книшка”. И – како што нормално бива, домашното физичко лице ќе оди во една од социјалистичките банки, ќе направи фиктивен влез-излез и за тоа задоволство банката ќе му наплати провизија. А заробените девизи ќе си стојат на сметката. Ем банката ти ги држи парите, ем уште и си наплаќа затоа што не може да ти ги исплати.
    Министерот Хајредини би можел да биде присутен на скопскиот аеродром кога му доаѓаат разни експерти од Меѓународниот монетарен фонд и од банките во Вашингтон и Лондон. Ќе им се најде на луѓето. Да им ги пополни обрасците со кои гостите ѝ признаваат на македонската држава дека внесуваат повеќе од триста марки. Што е сосема нормална процедура, позната од времето на комунизмот во Полска. И сосема вообичаена за држава како нашава, во која не функционира ниту една странска кредитна картичка.

    2. Научени да ја почитуваме желбата на министерот за односи со странство Стево Црвенковски, кога се враќа од пат да не го  пречекува никој на аеродром, не ни помислувавме дека би можеле да тркнеме по изјава до “Петровец” кога министерот се враќаше од Египет.
    Арно ама, завчера се случи нешто чудно. Уште изутрината службеничките во Министерството за односи со странство ги повикаа сите редакции да ни го соопштат точното време на слетување на авиончето на Црвенковски. Кога се враќаше министерот од Њујорк, обично новинарите ги вртеа телефоните на Министерството, а тамошните служби обично не знаеја кога е најавено слету­вањето.
    Собрани пред полициската станица на скопскиот аеродром, неколкумина дежурни чекачи на сите специјални авиони што долетуваат во Скопје, од сите редакции, завчера се обидуваа низ шега да откријат од каде сега толкава заинтере­сираност на Министерството за коректен контакт со медиумите. Изгледа требаше претседателот Глигоров да ги искритикува дека не знаат добро да работат на планот на информирањето, па некој за да се покаже ѝ наредил на секретарката да сврти неколку броеви низ Скопје. Пред две недели, во интервјуто за Македон­ска­та телевизија Глигоров тоа јасно го кажа пред камерите. Изгледа и нему му здодеа да ги слуша вработените во неговиот кабинет, кога му се жалат дека и за наједно­став­на информација новинарите се јавуваат кај нив, а не во ресорното мини­стерство.

    3. Уште малку, скраја да е, па ќе почнам и јас да ги ценам типовите како Ка­ра­­џиќ, Младиќ, Милошевиќ… Штом цел свет ги цени, луѓето мора да вредат.
    Еве невропсихијатарот од Пале по втор пат во Женева ќе го однесе розевиот коверт и на големите сили ќе им постави ултиматум што тие нормално ќе мораат да му го прифатат, како по обичај. Нивното “да”, што значи “не” за планот на големи­те сили кои веќе ја отпишаа Босна како држава, подразбира и “натамошно прилагодување на мапите на виталните интереси на српскиот народ, разграничу­вање на Сараево, решение за излез на море, државно поврзување со соседните држави и уште укинување на санкциите”. Босна е мртва, да живее голема Србија.

    4. Додуша, нема баш така лесно големите сили да му прифатат сé на Караџиќ. Малку ќе се фолираат, ќе се закануваат, ќе преговараат. Досега веќе научија добро како се прави тоа.
    Ете, државниот секретар на САД Ворен Кристофер најави нов механизам на казнени мерки. Што значи, претседателот Глигоров би можел деновиве да очекува пријателско писмо од Америка да го зајакнеме спроведувањето на санкциите кон Србија и Црна Гора. А стопроцентно нема да добие писмо со кое Американците ќе го уверат дека ќе ја натераат Грција да го укине ембаргото кон Македонија.
    Новиот механизам на казнени мерки ќе дејствува по принципот: “Души ја Србија, задави ја Македонија”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира