НЕПОЗНАТ ДАРИТЕЛ ДОНЕСОЛ 150 ЛИТРИ АНТИБАКТЕРИСКИ ГЕЛ ВО ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИЈА

    НЕПОЗНАТ ДАРИТЕЛ ДОНЕСОЛ 150 ЛИТРИ АНТИБАКТЕРИСКИ ГЕЛ ВО ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИЈАДонацијата ќе биде дистрибуирана во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар (Фото: СДК.МК)

    Дарител кој сакал да остане анонимен донесол 150 литри антибактериски гел во седиштето на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) во Охрид, кои ќе бидат распоредени во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

    „ИПА-Регион Охрид доби донација од 302 парчиња или над 150 литри антибактерски гел и други дезинфекциски средства за одржување на лична хигиена. Донацијата ќе биде дистрибуирана до полициските службеници во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на безбедносните мерки за заштита на граѓаните од ширењето на коронавирусот”, вели претседателот на ИПА за регионот на Охрид, Стефан Димоски.

    Пред неколку дена, Елица Нацева од охридското село Подмоље на полицајците им обезбеди 100 заштитни маски и 200 ракавици.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира