Повеќе столпчиња се искршени веднаш до Билјанини извори во Охрид и под нив штрчат кабли кои најверојатно се од светилките на ова популарно излетничко место. Недостасуваат и делови од околните клупи.
Над самите Билјанини извори со големи букви е напишано предупредување дека водата не е за пиење. Со години охриѓани оттаму полнеа вода, бидејќи се сметаше дека е изворска и му годи на здравјето.
Д. ЧУБРИЌ