СО КЛЕТКИ ОД ПЛАЦЕНТА СПАСЕНИ ШЕСТМИНА КРИТИЧНО БОЛНИ ПАЦИЕНТИ ОД КОВИД-19 ВО ИЗРАЕЛ

    СО КЛЕТКИ ОД ПЛАЦЕНТА СПАСЕНИ ШЕСТМИНА КРИТИЧНО БОЛНИ ПАЦИЕНТИ ОД КОВИД-19 ВО ИЗРАЕЛКлетките од плацента на „Плуристем“ му помагаат на имуниот систем, соопшти претходно компанијата, на тој начин што се намалуваат фаталните симптоми на пневмонија. (Фото: Плуристем)

    Шестмина критично болни пациенти од КОВИД-19 во Израел, за кои се сметало дека има висок ризик да починат, добиле терапија со клетки од плацента на „Плуристем“ и преживеале, според прелиминарните податоци објавени од компанијата од Хаифа. Пациентите се лекуваа во три различни болници во Израел една недела со програмата и имале акутно откажување на белите дробови и тешки воспаленија поврзани со КОВИД-19. На четворица од пациентите почнале да им откажуваат и други органи, како срце и бубрези.

    Не само што сите пациенти преживеале, според „Плуристем“, туку кај четворица од нив имало подобрување во дишењето и тројца од нив се речиси пред исклучување од респиратор. Дополнително, двајца од пациентите со коморбидитети покажуваат и други подобрувања, не само кај дишењето.

    „Задоволни сме од овој првичен исход на програмата и продолжуваме да произведуваме клетки од плацента за помош на пациентите и здравствените системи“, вели Јаки Јанај, извршниот директор на „Плуристем“.

    Клетките од плацента на „Плуристем“ му помагаат на имуниот систем, соопшти претходно компанијата, на тој начин што се намалуваат фаталните симптоми на пневмонија.

    Израелската компанија планира да почне мултинационални клинички тестови за терапијата за коронавирус со клетки од плацента.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира