Екипи на „Охридски комуналец“ денес го исчистија помошниот канал кај Билјанини извори. Беа ангажирани повеќе работници кои отстранија поголеми количини на отпад.
„Како што најавивме, наши екипи денес работеа на чистење на затнатиот помошен канал кај Билјанини извори. Беше подигнат отпадот кој го попречуваше текот на водата во овој канал“, ни изјави директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.
Во помошниот канал, кој тече паралелно со Билјанини извори, имаше големи количини на отпад и распаднати водени растенија.
Д. ЧУБРИЌ