ПРИЛЕП ДЕНЕС БЕЗ НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД СРЕДА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ БЕЗ МАСКА, ЗАЕДНО СО КУМАНОВО И ТЕТОВО

    ПРИЛЕП ДЕНЕС БЕЗ НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД СРЕДА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ БЕЗ МАСКА, ЗАЕДНО СО КУМАНОВО И ТЕТОВОСо денови Прилеп секојдневно бележеше повеќемина заболени, дури и по 11 деневно; - Од седница на Кризниот штаб на градот. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Општина Прилеп нема новозаболени од коронвирус, што значи дека останува досегашната бројка од 117  регистрирани случаи, соопштија од Општината. За разлика од моменталната ситуација, со денови Прилеп секојдневно бележеше повеќемина заболени, дури и по 11 деневно.

    Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка. Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

    Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денес, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час.

    Од среда се воведува забрана за движење во Општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење маска, шал, марама, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници, објави Владата на 18 април. Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира