Во Основниот суд во Штип утре ќе започне судскиот процес против двајцата млади штипјани кои се товарат за кривичното дело насилство, поврзано со претепувањето на 22-годишна девојка.
За С. А. (23) и П. Р. (26) судот претходно одреди мерка притвор од седум дена, а потоа го продолжи за 30 дена. Во меѓувреме, штипската адвокатска фела се откажа од нивно застапување, но, како што дознаваме, еден адвокат од Велес прифатил.
„Ако има признание на кривичното дело, може уште утре да се донесе пресуда. Казната за вакви дела е од шест месеци до пет години затвор“, најавува застапникот на обвинението, оснивниот јавен обвинител во Штип, Ристе Бојаџиев.
Oбвинетите се товарат дека пред три месеци брутално претепале 22-годишна девојка со која имале нерасчистени односи и тоа го снимиле на мобилен и по извесно време го објавиле на социјалните мрежи.
Т. ЈОВАНОВСКИ