СТРУМИЧКИ „ГРОЗД“ ПОЧНА ДА ГРАДИ ФАБРИКА ЗА ВОДА И ЛЕДЕНИ ЧАЕВИ ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРУМИЧКИ „ГРОЗД“ ПОЧНА ДА ГРАДИ ФАБРИКА ЗА ВОДА И ЛЕДЕНИ ЧАЕВИ ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА

    До крајот на годината АД „Грозд“, познат по струмичката мастика и „струмка“, ќе почне со производство на негазирана вода и ледени чаеви, соопшти директорот Васе Митев, кој денеска го стави камен-темелникот за изградба на нова фабрика вредна 3 милиони евра, во која треба да се произведува новиот асортиман на негазирани безалкохолни пијалоци. Новите капацитети ќе се наоѓаат во самиот фабрички круг каде се планира да се прошири и сегашното производство на алкохолни и безалкохолни производи, а за што ќе бидат отворени нови 100 работни места.

    „Грозд“ Струмица опстојува цели седум децении на македонскиот пазар. Негов најголем бренд е струмичката мастика, која заедно со „струмката“ се извезуваат на пазарите во Европа, САД и Австралија, со освоени многу награди во земјава и странство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира