Земјотрес со силина помеѓу 4,4 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје утринава околу 7 часот. Според Институтот за за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) земјотресот бил со епицентар на 7 километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од 2-3 километри поради што силно се почувствувал.