ПИОНЕРСКА ТЕХНИКА МОЖЕ ДА ИМ ОВОЗМОЖИ НА МАЖИТЕ ДА ИМААТ ДЕЦА ЕДНИ СО ДРУГИ

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"Лондон,(Индепендент)

    ПИОНЕРСКА ТЕХНИКА МОЖЕ ДА ИМ ОВОЗМОЖИ НА МАЖИТЕ ДА ИМААТ ДЕЦА ЕДНИ СО ДРУГИ

    Нов експеримент и противречи на природата и може да доведе до еден ден двајца мажи да имаат бебиња еден со друг. Шокантната нова студија ја отфрла идејата дека e возможно да се направат деца само користејќи јајце-клетка, која се оплодува со сперма. Место тоа, истражувањето сугерира дека можеби е возможно да се зачнат деца користејќи клетки од кожата.

    Во новиот експеримент на глувци, изгледа дека научниците покажале дека е возможно да се зачне глушец користејќи поинакви видови клетки. Студијата покажа е возможно да се направат здрави потомци, заобиколувајќи ја нормалната рута на оплодување јајце-клетка со сперма. Зачудувачките резултати може да значат дека е возможно да се спои сперма со обични клетки како од кожа или од друго ткиво, без да се користи клонирање за да се направат деца.

    Така, тоа може да доведе до целосно исклучување на женскиот дел од процесот на размножување на луѓето. Научници го нарекоа ваквото сценарио „шпекулативно и нереално“, но не го исклучуваат како можно.

    Ако тоа се случи, ќе им овозможи на геј мажите да имаат деца еден со друг, на пример. Исто така, ќе овозможи маж да си ги оплоди сопствените клетки и да има деца користејќи ги само неговите гени и тие наследени од неговите родители. Но, засега најважно за истражувањето е тоа што може да им овозможи на жените кои останале неплодни поради терапија за рак или други третмани да можат да имаат свои деца користејќи други клетки.

    „Нашата работа ја предизвикува догмата, која постои уште откако ембриолозите првпат ги открија јајце-клетките кај цицачите во 1827 година и го открија процесот на оплодување 50 години подоцна, дека само јајце-клетка оплодена од сперма може да резултира со раѓање на жив цицач“, кажа водечкиот научник во истражувањето Тони Пери, молекуларен ембриолог од Универзитот во Бат, Велика Британија.

    Сепак, докторот Пери, исто така, стави јасно до знаење дека тестовите на глувци само докажуваат дека техниката може да работи во принцип. Многу повеќе работа ќе биде потребна да се направи пред да биде технички изводлива, додаде тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира