БОДИГАРДИ ГО ЧУВААТ НОВОТО ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ГРАДИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОДИГАРДИ ГО ЧУВААТ НОВОТО ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ГРАДИ

    Уште едно ново градилиште им одзема дел од зеленилото на жителите на скопско Тафталиџе. На улица Букурешка, на стотина метри од паркот кој од багери го бранат пензионери, се поставени лимени тараби и веќе два дена, заградено е паркчето, па станарите од околните згради велат дека сега немаат ни каде да се засолнат од земјотресите. Тие се згрозени што инвеститорот го заградил просторот во во ек на серијата земјотреси што го погоди Скопје. Камиони и багери веќе работат внатре во оградениот простор каде што има десетици дрвја. До градилиштето никој не смее да се доближи оти влезот постојано го чуваат стражари облечени во црни маички на кои пишува „Оса“ обезбедување.

    Не се осмелуваат да се доближат ниту најблиските комшии. Гледаат од далеку што се прави, а на социјалните мрежи почнаа да се организираат за спречување на новата градба. Бараат адвокати и правници кои ќе ги поучат како да го остварат правото на здрава животна средина што им е гарантирано со Уставот.

    Според нив во заградениот простор ќе се гради седумкатница, односно објект со приземје, пет ката и поткровје, како што предвидува Деталниот урбанистички план. На градилиштето, иако е задолжително, нема табла со информации за тоа што се гради, кој е инвеститор, кој е изведувач, кој е надзор и рокови за изградба.

    На овие прашања денес не одговори ниту Општина Карпош.

    Градилиштето е обезбедено како тврдина. На влезот стои обезбедувањето во црни маички, кога ќе им јават ја отвараат вратата излегува или влегува камион и веднаш ја затвораат. Зад тарабите веќе се подготвува широк ископ за новиот објект, но тоа се гледа само од погорните катови на соседната зграда.

    На стотина метри од новото градилиште, во паркот што го обезбедуваат пензионери состојбата е непроменета. Се уште стојат транспарентите на кои пишува дека жителите не го даваат паркот, а станарите од најблиските згради велат дека деноноќно внимаваат да не се појави повторно градежната механизација. Неколкупати досега, багерите се појавуваа во овој парк, но си заминуваа оти пензионерите застануваа во негова одбрана.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира