Врховниот суд на САД пресуди дека њујоршките обвинители имаат право да ги истражат финансиските извештаи на Доналд Трамп. Тој е првиот американски претседател од Ричард Никсон кој не објавил даночни пријави и други документи за својот имот.
Судот кажа дека овие информации не мора да бидат споделени со Конгресот. Адвокатите на Трамп тврдат дека тој има целосен имунитет додека е на функција и дека Конгресот нема правна основа да ги бара извештаите.
Два комитета на Претставничкиот дом и јавниот обвинител на Њујорк Сајрус Венс побараа увид во неколкугодишните даночни извештаи на Трамп со цел да се утврди дали сегашните закони за судир на интереси што се однесуваат на американскиот претседател се доволно строги.
Трамп негираше дека сторил нешто погрешно и истрагата за неговите даноци ја нарече лов на вештерки.
Венс смета дека е потребен увид во документите на Трамп за да се утврди дали финансиските извештаи биле изменети за да се прикријат исплатите на две жени кои тврделе дека имале афера со него.