НЕСПОСОБНИ ПОДЛИЗУРКОВЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:85:"МакедонијаќевлезевоЕУкогаситеќеизлезат

    1 Цела Европа се потресе од негативниот исход на референдумите за Уставот на ЕУ во Франција и Белгија. Сами ние се надеваме дека тоа нема да го попречи нашето влегување во ЕУ. А и да не не примат, ќе си имаме изговор. Пак некој друг ќе биде виновен, а не ние. Евроинтеграцијата на Македонија ја закочија Франција и Холандија. Додека Македонија влезе во ЕУ, другите ќе излезат.

    2 Што мислат тие од Холандија и Франција? Дека така лесно се излегува од ЕУ? Сами си ја направија, сега нека си седат таму.
    Македонија ќе поставува услови за излез од ЕУ. Ако сакаат да бидат во наше друштво мора да ги достигнат нашите стандарди. Како што тргнале – немаат шанси. Згрешија уште на почетокот. Излегоа масовно на референдум, а ние баравме масовно да не се излегува на реферндум.
    Патот до излез од ЕУ е тежок и долготраен процес. Како што ние потпишувавме Спогодба со ЕУ за асоцијација и стабилизација, сега Франција и Холандија прво мора да со нас да потпишат Спогодба за раздружување и дестабилизација. По тој прв чекор, ќе треба да помине време за да испитаме дали Франција и Холандија се доволно зрели за да можеме да им испратиме прашалници. Рада ќе им испрати 3000 прашања, а Илинка дополнителни 180. За инает.
    Со душа го чекам Ширак како долетува во Македонија со пет-шест кутии полни со одговори за излез од ЕУ. И како Бучко на прес конференција му одговара дека кај и да е, до крајот на годината нашите експерти можеби и ќе ги отворат кутиите.
    Дури после ќе одлучиме дали и кога Франција и Холандија ќе ги почнат преговорите со Македонија за излез од ЕУ. Оти, достигнувањата на секоја држава ќе се разгледува поединечно. И тој процес може да трае долго, оти не зависи од нас, туку од нивните реформи.

    3 Нашиве владици се ептен очајни. Нашле во која црква да се крстат. Кај Бранко и Бучко. Тие ги решија световните проблеми, па сега ќе ги решаваат и духовните. Уште само спикерот Љупчо Јордановски не напиша некое писмо за спорот на СПЦ со МПЦ. Кој од кој, се црковни луѓе.
    Господ да не чува, Бранко не брани.

    4 Туку, пред да побараа помош нашите владици од државата, се сетија ли што потпишуваа минатата година во Ниш со српските владици.

    5 За инает на Српската православна црква ВМРО-Народна апелираше до радио и ТВ станиците да не пуштаат српска музика следните три месеци. А зошто три месеци!? Има ли некое духовно значење, демек свето тројство и слични работи. Или, мотивот е национален – Македонија поделена на три дела, па ќе биде цела?
    Завчера Турците го вратија авионот на МАТ со македонската фудбалска репрезентација. ВМРО-Народна го пропушти поводот да биде повторно во тек со настаните. Не одржа прес конференција за да апелира до кафеаните да не служат турско кафе. И тоа следните пет месеци. Зошто пет!? За петте века турско.

    6 Премиерот Бучковски изјави дека сега не е толку важно прашањето за одбележување на границата со Косово, колку што е важна слободната трговија.
    Еее… Протекторат ни воведува царини и чекаме да ни воведе и визи.Ќе воведат царини!? И ние како држава преговараме со протекторатот!? Па што не им воведеме ние друмска такса. Ако не сакаат да возат до Солун преку Македонија, нека одат преку Србија. Таму со задоволство ги чекаат.
    Туку, не можеме. Оти сме ем неспособни, ем подлизурковци.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира