ВОЗОТ ЗА КОЧАНИ ДВЕ НЕДЕЛИ НЕ СООБРАЌА, ЛОКОМОТИВАТА КОЈА ИЗЛЕТА УШТЕ НЕ Е ПОПРАВЕНА

    ВОЗОТ ЗА КОЧАНИ ДВЕ НЕДЕЛИ НЕ СООБРАЌА, ЛОКОМОТИВАТА КОЈА ИЗЛЕТА УШТЕ НЕ Е ПОПРАВЕНАОд Македонски железници велат дека има недостиг на превозни средства, и додека не се поправи локомотивата, нема можност да се пушти друга во сообраќај. (архивска фотографија)

    Ниту после 16 дена не е пуштен во сообраќај патничкиот воз од и за Кочани. Откако на 22 јули утрото, патничкиот воз излета близу железничката станица Јане Сандански, тој не сообраќа. За ваквата состојба реагираа патниците од Кочани и Штип, кои возот го користеа за патување до Скопје, а попладне за враќање дома. Од ЈП МЖ Инфраструктура велат дека причината е што дизел локомотивата сè уште е на поправка.

    „Има недостиг на превозни средства, и додека не се поправи локомотивата, нема можност да се пушти друга во сообраќај. Сè додека е на поправка, патничкиот железнички сообраќајка ќе биде во прекин. Кога ќе се оспособи веднаш ќе продолжи сообраќајот“, изјавија од ЈП МЖ Инфраструктура.

    Патничкиот воз од Кочани, кој утрото патувал за Скопје, засега од сè уште неутврдени причини излета од пругата и удри во метален електричен столб. Повредени патници и возен персонал немаше.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира