Германските Социјалдемократи (СПД) го истакнаа својот кандидат за наследник на Ангела Меркел на канцеларската функција, промовирајќи го прагматичниот министер за финансии Олаф Шолц, чија популарност порасна за време на пандемијата на коронавирусот.
СПД изгуби добар дел од поддршката откако ѝ се придружи на коалициската влада на Меркел во 2013 година и на последните избори беше на третото место според бројот на освоени гласови (14%).
Наредните парламентарни избори, што ќе се одржат следната година, ќе бидат први по Втората светска војна на кои што актуелниот канцелар нема одново да се кандидира. Шолц, кој е поранешен градоначалник на Хамбург, лани изненадувачки не беше избран за претседател на СПД, но во меѓувреме се здоби со доволно голема поддршка во рамките на партијата за да ја предводи на следните избори. Тој стана министер за финансии пред две години и имаше клучна улога во обликувањето на европскиот план за заздравување од коронавирусот вреден 750 милијарди евра.