61-годишен притвореник, осомничен за педофилија, вчера попладне со обесил во затворот во Шутка, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот.
Притвореникот се обесил околу 16 часот, кога е прошетката во затворскиот двор. Од затворот велат дека тој се пожалил дека го боли стомак и останал во својата ќелија, каде што се обесил со чаршафи за решетките од прозорецот.
Неофицијално, станува збор за професор од Тетово, кој беше уапсен во февруари годинава како осомничен за обид за силување на осумгодишно девојче.