Дејан Тодевски, член на планинарското друштво „Македон“ и редовен учесник на трките во планинско трчање во земјата, успешно го реализираше својот подвиг, откако 24 часа трчаше нагоре-надолу од Средно Водно до врвот.
Тој за малку не успеа да го достигне вкупното висинско искачување од 10.000 метри, во што му попречија неповолните временски прилики, имајќи предвид дека уште ноќеска се соочи со дожд.
Тодевски првпат потрча нагоре вчера во 16 часот и 24 часа подоцна имаше поминато дистанца од 83,7 километри. Тој истрча 20 кругови и оствари висинско искачување од 9.585 метри.