Две жени ќе ја поделат годинашната Нобелова награда за хемија за развивање на алатките за изменување на ДНК, откако за добитници беа прогласени Французинката Емануел Шарпентје и Американката Џенифер Дудна.
Нивното откритие познато како Цриспр-Цас 9 овозможува да се прават специфични и прецизни промени во ДНК содржана во живи клетки.
Ова е првпат во историјата две жени да ја делат оваа Нобелова награда, за што ќе им припаднат десет милиони шведски круни (1,1 милион долари).