ЗООЛОШКА ГРАДИНА ПРЕГОВАРА СО КИНЕСКАТА АМБАСАДА СКОПЈЕ ДА ДОБИЕ ПАНДА

    ЗООЛОШКА ГРАДИНА ПРЕГОВАРА СО КИНЕСКАТА АМБАСАДА СКОПЈЕ ДА ДОБИЕ ПАНДА„За да добиеме панда потребни се големи гаранции и услови“, вели директорот на скопската Зоолошка Ѓорѓи Галетановски. - Панди во зоолошка во Калгари (Фото: Фејсбук)

    Скопската Зоолошка градина е во преговори со кинеската амбасада, Скопје да добие панда. Директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски вели дека почнати се разговори и следен предизвик на ова раководство е нашата градината да биде една од ретките кои ќе го имаат ова животно, со што ќе биде атракција за посетители од целиот Балкан.

    „Во преговори сме со претставници на кинеската амбасада и тие се секогаш со отворена поддршка за нас. За да добиеме панда потребни се големи гаранции и услови. Пандата е нивно национално богатство и само со нивна поддршка би можело скопската Зоолошка да биде дом на ова животно. Голема желба ни е и би било чудо доколку успееме да имаме панда во градината”, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

    Пандата е член на семејството мечки, со природно живеалиште во централно западна и југозападна Кина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира