ДРЖАВНАТА МАТУРА ЌЕ СЕ ПОЛАГА ВО ЈУНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ДРЖАВНАТА МАТУРА ЌЕ СЕ ПОЛАГА ВО ЈУНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕПолагањето завршни испити од државна матура е дел од образовните системи на сите европски земји и земјите од регионот како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија. - Од годинашните уписи на средношколците. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Државната матура ќе се полага во предвидениот законски рок, односно јуни 2021 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Откако во март годинава училиштата се затворија како мерка против ширење на ковид-19, државната матура во јуни се укина и сите матуранти добија дипломи, со исто важење како и претходните години.

    Од МОН велат дека поолагањето на државната матура е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според Правилникот за полагање испити од државната матура.

    „Учебната 2020/2021 година се одвива успешно согласно планот и програмата, а МОН во континуирана комуникација со учениците и училиштата ќе обезбеди заеднички решенија за непречено, и безбедно полагање на матурските испити“, велат од кабинетот на министерката Мила Царовска.

    МОН ги  повикува матурантите до крајот на месецов да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета.

    „Оваа учебна година за првпат, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Истовремено, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини“, вели МОН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира