Цените за тестирање на ковид-19 во приватната лабораторија „Авицена“ од Скопје се намалени, соопштија од „Авицена лабораторија“.
Од 16 ноември цената на молекуларен PCR-тест изнесува 2.600 денари, ретестирање кај пациенти што претходно имаат направено каков било тест за ковид-19 (PCR, брз тест или серолошки) 2.400 денари, молекуларниот тест што истовремено го детектира новиот SARS-CoV-2 вирус и вирусот на грип е достапен по цена од 3.000 денари, а намалени се и цените на пакетите за анализа на молекуларниот тест заедно со антитела во крвта.
Има и семеен попуст -за тестирање најмалку 3 члена од исто семејство, цената за еден PCR тест е 2400 денари.
Од „Авицена лабораторија“ соопштуваат дека имаат нов простор за прием на пациенти и за земање примероци за тест за ковид-19 кој е целосно физички одвоен од останатиот дел на лабораторијата, а истовремено трикратно е зголемен капацитетот за изработка на тестови на дневно ниво.
Имено, во „Авицена лабораторија“ веќе е инсталиран високософистициран и најсовремен робот-систем за целосно автоматска обработка на примероци за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во нашата држава. На овој начин се зголемува капацитетот за изработка на тестови, а се намалува времето за добивање резултат, велат од „Авицена лабораторија“.
Закажувањето на тестирањето се прави преку телефон.