СТАРТУВАШЕ НОВИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗЕН РЕД НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ВО СТРАНСТВО САМО ДО ПРИШТИНА, НО И НЕГО ГО ИМА РЕТКО

    СТАРТУВАШЕ НОВИОТ ПАТНИЧКИ ВОЗЕН РЕД НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ, ВО СТРАНСТВО САМО ДО ПРИШТИНА, НО И НЕГО ГО ИМА РЕТКОЕдинствена меѓународна врска во земјава, е патничкиот воз од Скопје до Приштина. (Фото: СДК.МК)

    Од денес, 13-ти декември стапи на сила новиот патнички возен ред на Македонски железници. Со него нема големи промени, останува да сообраќаат истиот број на патнички возови во земјава.

    „Единствена разлика е во поаѓањето и тоа со некоја минута порано или подоцна“, велат од МЖ Транспорт.

    Најмногу возови има на релацијата Скопје -Велес и обратно, по девет, до Табановце четири, до Битола три, до Гевгелија два и за Кочани и Кичево по еден. Новиот возен ред е со важност следните 12 месеци.

    Железниците на Србија и Грција се договориле меѓународниот патнички воз Белград – Солун и обратно, кој имаше времен, сезонски карактер, и возеше од јуни до септември, да не сообраќа. Причина е што железничката инфраструктура во Србија се реконструира на потегот од Ниш кон границата со Македонија, активност што ќе трае најмалку 24 месеци.

    Така единствена меѓународна врска во земјава, е патничкиот воз од Скопје до Приштина, но и тој повеќе не вози, отколку што е во функција. Во писмено соопштение од пред извесно време на МЖ Транспорт објаснија дека тоа е така, поради „технички причини“.

    Бројот на патници кои ги користат услугите на железница во Македонија е во опаѓање. Ако пред десет години во 2011-та имало 1,4 милиони, лани имало само 550 илјади. Годинава поради состојбата со ковид заразата бројот на патници е драстично намален. За девет месеци јануари- септември имало 190 илјади патници а лани во истиот период бројката била 400 илјади. МЖ АД Транспорт објавија дека загубите во патничкиот сообраќај за првите десет месеци годинава изнесуваат 40 милиони денари.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира