МАЈК ПЕНС ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕД КАМЕРИ ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА Е БЕЗБЕДНА

    МАЈК ПЕНС ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕД КАМЕРИ ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА Е БЕЗБЕДНАПенс кажа дека Американците наскоро ќе имаат две безбедни вакцини против ковид-19 (Фото: АП)

    Американскиот потпретседател Мајк Пенс се вакцинираше против ковид-19 пред ТВ-камери, по што на публиката и лекарите им кажа дека ништо не почувствувал.

    Од Белата куќа соопштија дека ова има за цел да ги промовира безбедноста и ефективноста на вакцината и да ја засили довербата меѓу американскиот народ. Освен Пенс, вакцина прими и неговата сопруга Карен.

    САД во понеделникот почнаа со имунизацијата на населението со вакцината на „Фајзер/Бионтек“, а се очекува наскоро да биде одобрена и вакцината на „Модерна“.

    „Американскиот народ може да биде уверен: имаме една, а наскоро и две безбедни вакцини против ковид-19. Целта што утрово дојдовме овдека беше да ја зголемиме довербата на јавноста“, изјави Пенс.

    Најавено е дека новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе се вакцинира следната недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира