СЈО ПОТВРДИ ДЕКА ИМАЛЕ УПАД ВО ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ПОТВРДИ ДЕКА ИМАЛЕ УПАД ВО ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА

    Специјалното јавно обвинителство потврди дека имале неовластен упад во електронската пошта во декември 2015 година, откако вчера на интернет мрежата „Јутјуб“ се појави видео со електронската пошта на СЈО. Случајот тогаш не бил пријавен во полиција, бидејќи, како што соопштија од СЈО, немале никаква реална штета од упадот.

    „Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Со оглед дека со објавата на `Јутјуб` каналот јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот“, велат од СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира