Апелациониот суд Скопје донесе одлука по жалбите на 16-темина обвинети за нападот во Собранието на 27 април 2017 и делумно ги потврди првостепените пресуди за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, соопштија од судот.
На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков Апелациониот суд му ја преиначи казната од 18 на 16 години затвор, а обвинетите Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години. Понатаму, обвинетите Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски се осудуваат на казна затвор во траење од по 13 години.
Апелациониот суд ги осуди обвинетите Оливер Поповски, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ на казна затвор во траење од по 11 години, обвинетиот Оливер Радулов на 9 години, обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на 7 години и обвинетиот Абдуљифета Алими на 6 години.
Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за обвинетиот Игор Дурловски.
Првостепената пресуда беше донесена од Основниот кривичен суд на 15 март 2019 година, а во таму во тек е судењето за организација на нападот во Собранието, каде што обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.