ЛОКАЛЕН РАЗГОВОР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:133:"КакоКлинтон,ЕлциниГлигоровзаскиталевобордел-оазасредепустината

    1. Тргнале во мировна мисија на помирување на некои африкански племиња најважните државници во светот: претседателот на САД, Бил Клинтон, претседателот на Русија Борис Елцин и претседателот на Македонија Киро Глигоров. Арно ама, им се расипал авионот и за да ги спасат, морале да ги исфрлат со падобрани. Тројцата претседатели се нашле во некаква пустина, далеку од каква било цивилизација и почнале да талкаат низ песокот надевајќи се дека ќе добијат некаква помош. По неколкудневно пешачење, здогледале оаза. Не, не е фатаморгана, туку вистинска оаза среде пустината и радосни влегле да побараат помош.
    Оазата била многу убаво уреден скап бордел. Ама кој да мисли сега на жени, по толку скитање низ пустината. Башка, Хилари по втор пат не би простила, а за госпоѓа Нада и да не зборуваме, па претседателите побарале да се јават дома, да пријават дека се живи и здрави.
    Домаќините прво му го дале телефонот на американскиот претседател. Ѕвони Клинтон во Белата куќа во Вашингтон и веднаш од таму се јавува некој генерал на Американската армија:
    – Не грижете се претседателе, точно ве лоциравме каде сте, веднаш праќаме еден носач на авиони во блиското море и со хеликоптер ќе ве евакуираме.
    Клинтон им се заблагодарил на домаќините и побарал да си ја плати сметката за телефон. Тие му побарале 150 илјади долари. Кога Клинтон се побунил дека тоа е многу скапо, му одговориле дека така мора да биде затоа што се јавувал од скап бордел.
    Му дошло ред на Елцин и, сиромашкиот, додека вртел во Кремљ, се препотил размислувајќи колку ли ќе му наплатат. И во Москва веднаш се јавил некој генерал. Му рекол дека сателитски е лоцирано местото од каде што се јавува и дека во близината има некои руски мировници, па веднаш ќе пратат некого да го земе претседателот и да го однесе дома. Домаќините му побарале на Елцин само 50 илјади долари. Му рекле: “Лоша ти е ситуацијата, рубљата паѓа, па да не те трошиме толку”.
    И еве го сега Киро Глигоров како врти во Скопје. Ѕвони телефонот во кабинетот, ѕвони, ѕвони, ѕвони, никој не крева слушалка, кога еве, по неколкуминутно чекање, се јавува некој војник од гардистите.
    – А, претседателе, вие сте, знаеме дека сте на пат, јавија на телевизија. За жал тука нема никој, петок попладне е, сите си заминаа. Остана само дежурната советничка, ама и таа не може да ви помогне. Туку, зошто вие не свртите во Министерството за надворешни работи, белки тие по дипломатски канали ќе успеат да ви помогнат.
    Врти Глигоров по втор пат и во главата му се врти колку ли ќе треба да плати за два разговора, ама, среќа, во МНР се јавува дежурниот службеник:
    – Жал ми е претседателе, ама министерот е зафатен со предизборната кампања, а вие сте самиот виновен што не поставивте ни еден амбасадор во Африка. Вртете кај Лазе Китановски.
    Врти Глигоров по трет пат во Скопје , овој пат во Министерството за одбрана. Се јавува некој заставник и вели:
    – Министерот е на пазар, купува транспортери, а ние со нашето воздухопловство не долетуваме до Африка. Туку, барајте си го вие Бранко Црвенковски – тоа ви е најсигурно. Нели сте му најголема инвестиција, белки ќе најде начин да ве извлече од африканскиот бордел.
    И нема друго чаре, ѕвони Глигоров во Владата. Ѕвони, ѕвони, никој не се јавува, кога по извесно време, ете се јавува обезбедувањето од портирницата.
    – Претседателе, сé разбравме, премиерот е зафатен, отиде да отвора некоја спортска манифестација, ама вие дајте ми го бројот на телефонот од кај што се јавувате, ние ќе ви се јавиме за да не трошите вие пари. Сега ќе го алармирам премиерот по мобилниот.
    И вистина, по половина час, се јавуваат од Скопје.
    – Утре фаќаме авион на “Аустриан ерлајнс” за Виена. Ќе спиеме таму, па задутре, со друг авион до Каиро. Од таму ќе гледаме која ни е најевтина врска до близината на вашата оаза. Ќе најмиме камила и, како и да е, за една недела ќе ве евакуираме.
    Се смирил претседателот Глигоров, кога се уверил дека не го заборавиле и мислат како да го вратат дома, ама сега се препотува, како да праша колку треба да плати за телефон. Што е, тука е, се осилува и прашува, а домаќините му велат:
    – Колку разговори имавте?
    – Четири.
    – Е па, четири по пет денари – вкупно дваесет денари!
    Клинтон и Елцин се наоѓаат во чудо. Како тоа ним им зедоа илјадници долари, а на Глигоров само дваесет денари и отишле да се бунат на рецепцијата.
    – Што се буните вие? Ова е оаза – бордел. Господинот имаше само локални телефонски јавувања.

    2. Во борделот владее љубов. Сите се сакаат – за пари. И во нашата оаза владее љубов. Сите се сакаат – за власт.
    Ете, принципиелно-непринципиелниот Циле, со граѓанската опција принципиелно, за да си го провери рејтингот меѓу гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, се дружи со Љубчо. Кога можеше угледниот професор Ферид Мухиќ да најде врска меѓу Македонија и океанот, пишувајќи го текстот за ЕКСПО, зошто чудење на неговата дружба со Ѕинго и наоѓањето врска меѓу социјализмот и граѓанските индивидуални права. Ако можеше СДСМ да го толерира со години лицемерството на ПДП, зошто не би толерирала и малку поотворена политика, кога сега ќе им се приклучи и ДПА.
    Впрочем, и на минатите избори имавме еден Сојуз за Македонија, кој брзо се покажа дека не го бидува и за кого никој, освен претседателот Глигоров, не жалеше.
    Народот е за да гласа. А тие во партиите ќе се снајдат, не треба да ги жалиме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира