САД БАРААТ НА СЈО ДА МУ СЕ ОВОЗМОЖИ ТЕМЕЛНА ИСТРАГА ЗА ДА ИМА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    САД БАРААТ НА СЈО ДА МУ СЕ ОВОЗМОЖИ ТЕМЕЛНА ИСТРАГА ЗА ДА ИМА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

    Американската амбасада во Скопје попладнево ги оцени барањата на Специјалното јавно обвинителство за измена на законот за заштитени сведоци и за продолжување на рокот на истрагите за разумни.

    „Ги охрабруваме сите партии да се придржуваат кон обврските преземени со договорите од Пржино и од 20 јули за да осигураат веродостојни избори и непречена работа на Специјалното обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје, откако пратениците на владејачката коалиција одбија да гласаат за барањата на СЈО за измена на законите со кои ќе им се олеснеше работата во истрагите за прислушуваните разговори.

    „Воспоставувањето отчетност за неавторизираните прислушувања и сомнежите за владина злоупотреба се суштествени за да може Македонија да излезе од продолжената криза. Веруваме дека се разумни барањата на СЈО за поддршка на темелна, независна истрага на фактите“, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира