Двајца бомбаши самоубијци се разнеле во близина на турскиот главен град Анкара откако биле пресретнати од полицијата. Се верува дека милитантите биле маж и жена, за кои властите се сомневаат дека планирале да изведат напад со автомобил-бомба, објави државната агенција Анадолија
Тие ги детонирале нивните експлозивни направи откако полицијата им рекла да го предадат оружјето.
Полицијата делувала по најава, изјави гувернерот на Анкара Еркан Топаџа, сугерирајќи поврзаност со курдските сепаратисти. Тој рече дека полицијата го пронашла парот скриен во фарма за коњи во близина на главниот град. „Се уште не се знае со која организација се поврзани, но според информациите што ги добивме многу е веројатно дека мажот е поврзан со Курдската работничка партија (ПКК).
Курдски милитанти извршија серија бомбашки напади низ Турција откако беше прекршено примирјето во 2015 година.