ДУИ ГЛАСАШЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ПОПИСОТ ВО ПРВО ЧИТАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НО ЏАФЕРИ ГИ УКОРИ ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ДА НЕ СЕ ДОГОВАРААТ САМИ БЕЗ АЛБАНЦИТЕ

    ДУИ ГЛАСАШЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ПОПИСОТ ВО ПРВО ЧИТАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НО ЏАФЕРИ ГИ УКОРИ ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ДА НЕ СЕ ДОГОВАРААТ САМИ БЕЗ АЛБАНЦИТЕСо 102 гласа, сите "за", пратениците во прво читање го изгласаа и предлог- законот за измена на Изборниот законик. (Фото: СДК.МК)

    Со 95 гласови „за” и 7 „против”, пратениците го направија најзначајниот чекор за одлагање на Пописот, кој требаше денеска да почне. Го изгласаа во прво читање.

    Предлог-законот за преместување на Пописот од денеска, за некој ден од петти до 30 септември, отиде на Комисијата за европски прашања, зашто е со европско знаменце и треба да се донесе по брза постапка.

    Со 102 гласа, сите “за”, пратениците во прво читање го изгласаа и предлог- законот за измена на Изборниот законик, со кој се воведува отисокот од прст при гласањето.

    И тој отиде на Комисијата за политички систем, ќе се носи по брза постапка.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери им кажа на пратениците дека вака ги личи, заедно да гласаат, па да бидат ако треба и едногласни за важни работи за државата.

    Рече Законот за попис за Албанците покажа дека не е во ред двајца лидери сами да се договорат за одлагањето. Заев и Мицкоски може да се сретнат кога сакаат и да разговараат, но не врз плеќите на други граѓани”, ги укори Џафери лидерите на СДСМ и на ДУИ, откако најголемиот дел од пратениците беа фер и го поддржаа предлогот за одлагање на Пописот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира