БИВШИОТ ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИК НА ЈОРДАН СТАВЕН ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗАШТО НАВОДНО ПЛАНИРАЛ ДРЖАВЕН УДАР ПРОТИВ КРАЛОТ

    БИВШИОТ ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИК НА ЈОРДАН СТАВЕН ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗАШТО НАВОДНО ПЛАНИРАЛ ДРЖАВЕН УДАР ПРОТИВ КРАЛОТПринцот Хамза објави видео во кое ја обвини власта за корупција (Фото: Гети)

    Јорданските власти упаднаа во палатата на поранешниот престолонаследник принцот Хамза и уапсија двајца негови соработници, откако откриле наводен обид за државен удар против кралот Абдула.

    Хамза бин Хусеин е полубрат на Абдула, кој му ја одзеде титулата престолонаследник пред 16 години. Тој објави видео во кое вели дека се наоѓа во домашен притвор и дека му било кажано да не контактира со никого. Во видеото што го објави Би-Би-Си, тој вели дека не бил дел од никаков странски заговор и актуелната власт во Јордан ја опиша како коруптивна.

    „Добросостојбата на јорданскиот народ е ставена на второ место од владејачкиот систем, кој одлучи дека личните интереси, финансиските интереси и корупцијата се поважни од животот, достоинството и иднината на 10 милиони луѓе кои живеат овдека“, вели Хамза.

    Војската претходно демантираше дека Хамза е ставен во домашен притвор, додека регионалните сили, како Египет и Саудиска Арабија, му изразија поддршка на кралот Абдула, кој беше сојузник на САД во борбата против ИСИС.

    „Од нас беше побарано да запреме движења и активности кои имаа за цел да ги нарушат безбедноста и стабилноста на Јордан“, изјави шефот на армијата Јусеф Ахмед ал-Хунаит.

    Абдула владее со кралството од смртта на неговиот татко Хусеин во 1999 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира