ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЧАД ПОЧИНАЛ ВО БОРБИТЕ СО БУНТОВНИЦИТЕ САМО ДЕН ОТКАКО ГО ОСВОИ ШЕСТИОТ МАНДАТ

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЧАД ПОЧИНАЛ ВО БОРБИТЕ СО БУНТОВНИЦИТЕ САМО ДЕН ОТКАКО ГО ОСВОИ ШЕСТИОТ МАНДАТИдрис Деби беше на власт во Чад од 1990 година (Фото: Ројтерс)

    Претседателот на Чад, Идрис Деби, починал во борбите со бунтовниците на северот на земјата викендов, потврди армијата, само ден откако беше прогласен за победник на изборите. Шеесет и осумгодишниот Деби беше на власт во оваа африканска држава од 1990 година и на изборите на 11 април го обезбеди шестиот мандат со 80% освоени гласови.

    „Деби го испушти последниот здив бранејќи ја нацијата на фронтот“, изјави портпаролот на војската, генералот Азем Бермандоа Агуна.

    Од кампањата на Деби кажаа дека тој заминал на првата линија на фронтот за да се придружи во борбата против терористите, при што бил тешко ранет. Околностите на смртта на Деби засега не можат да се потврдат од независни извори. Неговата победа на изборите доведе до инвазија на бунтовниците стационирани во Либија.

    По смртта на Деби, војската ги распушти владата и парламентот и во наредните 18 месеци со земјата ќе управува воен совет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира