ТРОЈЦА ЊУЈОРЧАНИ ФАТЕНИ ДЕКА КРАДЕЛЕ ОД БАНКАРСКИ СЕФОВИ И ВО МАКЕДОНИЈА, ПОТКУПУВУВАЈЌИ ЛОКАЛНИ ОРГАНИ НА ПРОГОНОТ

    ТРОЈЦА ЊУЈОРЧАНИ ФАТЕНИ ДЕКА КРАДЕЛЕ ОД БАНКАРСКИ СЕФОВИ И ВО МАКЕДОНИЈА, ПОТКУПУВУВАЈЌИ ЛОКАЛНИ ОРГАНИ НА ПРОГОНОТСнимка од безбедносна камера од кражба на сефови во Летонија. (Фото: Судски документ од Бруклинскиот суд)

    Тројца њујорчани се обвинети дека украле повеќе од 30 милиони долари во кеш и други вредни работи, обивајќи сефови во банки ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија. Американското обвинителство поднесе обвинение во вторникот против Вал Купер, Алекс Левин и Гери Смит за перење пари и злосторничко здружување откако украле големи суми од банкарски сефови од март 2015 до октомври 2019. Некои од банките биле од Украина, Русија, Македонија, Молдавија, Летонија, Узбекистан и Азербејџан, кај кои „немало видеонадзор во одредени делови“, велат обвинителите од Бруклин.

    Според обвинението, Купер бил водач на групата и тој купувал софистицирана опрема за видеонадзор и потоа ги переле украдените пари. Сите тројца се уапсени во вторникот наутро.

    „Кривичните дела кои се наведени во обвинението изгледаат како да се излезени директно од холивудски филм“, вели в.д. помошник-директорот на ФБИ Вилијам Ф. Свини.

    „Крадците користеле софистицирани алатки да ги надмудрат безбедносните системи на странските банки и се обиделе да ги покријат трагите со перење на парите низ американски банки. Сепак, благодарение на извонредната работа на специјалниот тим на ФБИ за организиран криминал во Евроазија и нашите меѓународни партнери, овие криминалци сега се соочуваат со обвиненија и можни затворски казни“, вели Свини понатаму во соопштението.

    Според обвинението, групата барала банки со слаби безбедносни системи и потоа се претставувале како муштерии кои бараат да изнајмат сеф. На тој начин тие добивале пристап до просторијата со сефовите која што потоа ја ограбувале.

    Штом ќе влезеле во просторијата со сефовите, тие користеле софистицирани камери, како оние што се користат за медицински интервенции, за да ја снимат внатрешноста на бравите од сефовите.

    Потоа тие правеле дупликат клучеви и со дупликатите ги отворале сефовите на жртвите и ја краделе содржината. Откако ќе завршеле со кражбата, триото ја напуштало државата.

    Шемата траела со години, а триото поткупувале локалните органи прогонот, како полиција и обвинителство, да добиваат информации кои ќе им помогнат да ги избегнат истрагите. Но, американските власти на крај успеаја да ги фатат.

    При апсењето, кај нив се најдени дел од дупликат клучевите, кеш, накит и неколку скапи чанти.

    Во декември 2017 година, пет македонски граѓани пријавија во полиција дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле одземени пари и предмети. Како што тогаш извести полицијата, за настанот бил известен и јавен обвинител и се спроведува истрага. Од МВР тогаш изјавија дека истрагата е во тек, кога ќе заврши ќе соопштат во јавноста.

    Засега нема потврда од македонските правосудни органи дали има поврзаност меѓу апсењата во Америка и кражбата од банкарски сефови во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира