ПОЧИНА МАЈКЛ КОЛИНС, ЧЛЕНОТ НА „АПОЛО 11“ КОЈ НЕ ОДЕШЕ ПО МЕСЕЧИНАТА ВО 1969

    ПОЧИНА МАЈКЛ КОЛИНС, ЧЛЕНОТ НА „АПОЛО 11“ КОЈ НЕ ОДЕШЕ ПО МЕСЕЧИНАТА ВО 1969Колинс вели дека никогаш не зажалил што не одел по Месечината

    Мајкл Колинс, американскиот астронаут кој беше дел од првата мисија на Месечината, почина на 90 години, објави неговото семејство, додавајќи дека се лекувал од рак.

    За разлика од Нил Армстронг и Баз Олдрин, Колинс не одеше по Месечината во 1969 година, туку остана да управува со командниот модул во орбитата, поради што често го нарекуваа „заборавениот астронаут“.

    Кога Армстронг стапна на Месечината и ги кажа славните зборови „Хјустон, Орелот слета“, Колинс беше во орбитата 100 километри подалеку и еднакво возбуден ја слушаше комуникацијата на неговите колеги од „Аполо 11“. Армстронг и Олдрин поминаа 22 часа на површината на Месечината, а Колинс за тоа време кружеше околу неа.

    „Она на што најубаво се сеќавам беше погледот на планетата Земја од таа дистанца. Ситна, многу светла, сина и бела, прекрасна, смирена и кршлива“, изјави Колинс подоцна.

    Колинс е роден во Рим во 1930 и НАСА го избра за астронаут во 1963 година. Неговиот прв лет беше со „Џемини 10“ и на таа мисија стана четврти човек кој извел прошетка во вселената. „Аполо 11“ беше неговото последно патување во вселената и во 1970 ја напушти НАСА и се придружи на Стејт департментот. Подоцна стана директор на Националниот музеј за аеронаутика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира