РЕЦИКЛИРАНИ 120.000 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА, УШТЕ 11 МАШИНИ ЗА ОТКУП НИЗ ОПШТИНА ЦЕНТАР

    РЕЦИКЛИРАНИ 120.000 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА, УШТЕ 11 МАШИНИ ЗА ОТКУП НИЗ ОПШТИНА ЦЕНТАРЗа рециклираната амбалажа жителите на Центар добиваат пари преку грин пеј картичката. (Фото: СДК.МК)

    Околу 120.000 пластични шишиња и лименки се рециклирани преку повратните вендинг машини на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ во Скопје. За рециклираната амбалажа жителите на Центар преку грин пеј картичката добиваат пари.

    „Интересот на граѓаните за користење на повратните вендинг машини за рециклирање е навистина голем. Оваа бројка од 120.000 рециклирани амбалажи е сигнал до нас дека жителите ја прифатија оваа идеја, што ни дава мотив да продолжиме да инвестираме во овој проект за да создадеме модерна општина по пример на светските трендови“, вели Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

    На територија на Општина Центар досега има 8 машини за рециклирање, а деновиве екипи од претпријатието почнаа да поставуваат на уште 11 локации. До крајот на годината ќе бидат поставени вкупно 27 машини.

    Општина Центар е прва општина кај нас која спроведува ваков проект за правилно справување со отпадот преку рециклирање пластични шишиња и лименки, со цел намалување на количината на отпадот кој завршува во депониите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира