ВО МАКЕДОНИЈА ОТСУСТВУВААТ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ НА РАЗЛИЧНОСТИ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, А И КОГА ИМА, НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ЛГБТИК ЛИЧНОСТИТЕ

    ВО МАКЕДОНИЈА ОТСУСТВУВААТ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ НА РАЗЛИЧНОСТИ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, А И КОГА ИМА, НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ЛГБТИК ЛИЧНОСТИТЕЕлтон Илиријани, основачот на „Хедхантер“ вели дека не се изненадени од недостатокот на заложба во различноста на работното место, но со оглед на негативноста, гледаат можност и интерес од компаниите за усвојување политики и обучување на нивниот персонал за ова прашање. (Фото: Хедхантер)

    Политиките, различностите, практиките и програмите на работното место отсуствуваат во Северна Македонија, а дури и ако се присутни, генерално, не вклучуваат баратели на работа и вработени од ЛГБТИК заедницата, покажаа анализите и наодите на Групацијата „Хедхантер“, која го направи првиот Индекс на еднаквост во вработувањето на лицата од ЛГБТИК заедницата во земјава. Оттаму велат дека компаниите немаат политики, практики и менаџери на човечки ресурси обучени во областа на различност на работното место.

    Во истражувањето на Индексот беа вклучени 70 компании и организации од Северна Македонија, од голем број индустрии, кои изразија подготвеност да учествуваат во ова истражување.

    Индексот за првпат е воведен во Северна Македонија и претставува систем за рангирање на компании кои ги штитат и поддржуваат правата и достоинството на барателите на работа и вработените од ЛГБТИК заедницата и е можност да се обезбедат конкретни информации за едукацијата и подигањето на свеста против дискриминацијата на работното место.

    Според Индексот, 50% од компаниите наведуваат дека во моментов имаат политика на недискриминација и еднакви можности за сите вработени. Иако ова претставува половина од компаниите кои учествуваа во Индексот, ова прашање не се однесува специфично за ЛГБТИК личностите, туку за сите личности. Ова покажува дека има огромен простор за напредок во градење на култура на недискриминација.

    Понатаму, ниту една од компаниите нема политики кои вклучуваат јазик кој се однесува на ЛГБТИК и нивниот статус, повторно нагласувајќи го фактот дека политиките на вработување засега недоволно ги заштитуваат ЛГБТИК барателите на работа и вработените. Сепак, се вели во извештајот, позитивно е што 13% од компаниите ги споменуваат сите термини во нивните политики.

    Само 6% од компаниите ги обучуваат менаџерите за човечки ресурси и другите директори за недискриминација и еднакви можности. „Хедхантер груп“ смета дека оваа статистика е загрижувачка. Иако 50% од компаниите пријавиле дека имаат такви политики, само 6% од компаниите го обучуваат својот менаџмент за имплементирање на овие политики. Ова наведува да се верува дека таквите политики во компаниите без обучен менаџмент најверојатно не се спроведуваат, или слабо се спроведуваат во најдобар случај.

    Само 10% од компаниите обезбедуваат обуки за недискриминација и еднакви можности за сите вработени, покажаа наодите, а само 2% од компаниите пријавиле дека специфично споменуваат ЛГБТИК баратели на работа во своите политики за регрутирање и развој, што е многу низок резултат и ова е важно да се забележи бидејќи недискриминацијата во оваа фаза од регрутирањето е критична за да се охрабрат ЛГБТИК барателите на работа да аплицираат во таа компанија за работа, да им овозможи на неЛГБТИК барателите на работа да знаат отпочеток дека се очекува да работат во инклузивна атмосфера и да го постави тонот за менаџерите кои вработуваат и унапредуваат дека не се толерира дискриминација.

    Елтон Илиријани, основачот на „Хедхантер“, за наодите на Индексот вели:

    „Според наодите на Индексот, не бевме изненадени од недостатокот на заложба во различноста на работното место, но со оглед на негативноста, гледаме единствена можност и интерес од компаниите за усвојување политики и обучување на нивниот персонал за ова прашање. Подготвени сме да им понудиме поддршка на компаниите, врз основа на нивната подготвеност, така што им ги ставаме на располагање нашите технички вештини“.

    Годишниот извештај за 2020 година завршува со препораки за приватниот сектор и за владата. На приватниот сектор му се препорачува да прифати дека различностите на работното место се позитивни за продуктивноста, приходите и задржувањето на вработените, да ја прифати потребата од и да бара можности за подобрување на политиките и практиките за различности на работното место и еднакво можности за ЛГБТИК граѓаните и другите малцинства и да го покрене прашањето за различностите на работното место во синдикатите, стопанските комори и други бизнис заедници.

    „Земајќи ги предвид наодите, Групацијата „Хедхантер“ гледа голема потреба од обука за различноста на работното место за компаниите во Северна Македонија, како и за стандардизираните политики и практики што компаниите можат да ги приспособат и усвојат“, се вели во извештајот.

    На владата ѝ се препорачува да се спроведува Законот за антидискриминација ригорозно со акциски план кој ќе се содржи конкретни цели и рокови и да осигура силен фокус на инклузијата при вработувањата за ЛГБТИК граѓаните во Националниот акциски план за ЛГБТИК, а ова може да содржи материјали за подигнување на јавната свест, стандардизирани правилници за однесување, стандардизирани политики и веб сајт со пристап до такви информации.

    Групацијата „Хедхантер“, заедно со непрофитната организација „Дигнити Глобал“, и нејзината фондација „Пипл Фирст“, и со поддршка од Амбасадата на Холандија во Северна Македонија како дел од нејзината социјална одговорност го креираа и го спроведоа Индексот на еднаквост во вработувањето на лицата од ЛГБТИК заедницата.

    „Хедхантер“ е најголемата групација што работи во областите на човечки ресурси на Западен Балкан, исто така присутна во Кипар, Грција и САД.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира